sINCE 2023
ПЗУ БИ ДЕНТАЛ
Др. Билјана Ивановска
Др. Билјана Ивановска завршува средно медицинско училиште ,,Др. Панче Караџозов ,, Скопје во 2005 година, отсек забен техничар. Во 2010 година дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитет ,, Св.Кирил и Методиј,, во Скопје. По едногодишен стаж положува државен испит и се стекнува со лиценца за работа. Работи како стоматолог во приватната ординација ПЗУ Блек во Кавадарци. Во тек на стоматолошката пракса посетува обуки и курсеви од областта на стоматологијата во државата и во странство. Во 2022 година се запишува на специјализација по ортодонција на Стоматолошки факултет во Скопје при Универзитет Св. Кирил и Методиј Скопје. Во 2023 година основа сопствена стоматолошка ординација по општа стоматологија во Кавадарци.
Biljana Ivanovska